Вести Свет

 Украина дозволи двојно државјанство

Украинскиот парламент донесе нов закон кој им дозволува на украинските граѓани да имаат повеќекратно државјанство. Целта е да се справи со сериозните демографски проблеми, особено поради масовниот егзодус предизвикан од руската агресија од 2022 година.

Со овој закон, украинските бегалци ќе можат да го задржат своето државјанство додека се во странство, со можност да се вратат дома во иднина. Исто така, украинците од дијаспората се охрабруваат да аплицираат за украинско државјанство.

Законот го поедноставува процесот за добивање државјанство за деца родени во странство од украински родители, како и за Украинци кои стекнуваат друго државјанство преку брак. Странците кои сакаат украинско државјанство ќе мора да положат тест за познавање на јазикот, историјата и уставот на Украина.

Дополнително, законското решение им овозможува на странските волонтери кои се борат во Украина полесно да добијат украинско државјанство. Меѓутоа, граѓани од земјите „агресори“ и од оние кои не го признаваат територијалниот интегритет на Украина нема да можат да добијат украински документи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули – според нив се вработуваат партиски советници

Дејан Дејан

ФЕД сигнализира можни намалувања на каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе