Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но сè уште не донел конечна одлука, пренесува CBS повикувајќи се на американски разузнавачки извори. Како потенцијална цел се споменува подземниот нуклеарен објект во Фордо.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го одби барањето за безусловна капитулација, велејќи дека Иран нема да се предаде. Израел продолжува со напади врз ирански цели, вклучително и нуклеарни и ракетни објекти, додека Иран возвраќа со лансирање ракети.
Меѓувреме, американските сили се преместуваат кон Блискиот Исток, а САД издадоа план за евакуација на своите државјани од Израел. Ситуацијата се влошува, а за денеска во Вашингтон најавени се нови дипломатски напори за решавање на кризата.