Вести Македонија Топ вести

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Ќе се трошат повеќе пари, но планот е и повеќе да се приберат. Со ребалансот на буџетот се зголемуваат и приходите и расходите. Државата ќе потроши речиси 57 милиони евра повеќе од рекордно високиот буџет кој беше донесено на крајот од минатата година. Но, од прилика толку се очекува и да се соберат. Па, така уверувањата се дека нема да има продлабочување на  дефицитот. Тој останува на старата проекција – 4 проценти од БДП,  односно дупката во буџетот ќе биде 670 милиони евра.

Ќе се зголеми и инфлацијата од  2,2 на 2,8 отсто, но ова е пониско од сегашната 3,3. Како ќе се делува за да се спушти, министерката за финансии Кочоска тврди дека се прават напори за тоа.

„Правиме напори во периодот кој што следи ќе објавуваме и други некој мерки кои што може би не значат директна финансиска поддршка, но ќе помогнат да ја зголемиме конкуренцијата во делот на домашното производство со цел да ги намалување овие ефекти“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска 

Ставката капитални расходи која најчесто е високо проектирана во буџетот повторно се зголемува, за речиси пет милиони заради проектите во одбрана. Околу 40 милиони евра повеќе пари ќе одат и за ПИОМ, па така сумата која ќе се издвојува од буџетот за оваа институција ќе достигне 813  милиони евра. Пензионерите сигурно ќе го добијат законското зголемување, но допрва ќе се размислува дали ќе  добијат и линеарно до 2.500 денари. Се зголемува и сумата на пари од буџет кој ќе оди за плати во јавен сектор, главно заради МВР.

„Околу 800 милиони денари од кои 600 милиони денари се само за МВР. Имаше покачување на платите за 10 проценти, а Министерството за внатрешни работи во суштина и брои и најголем дел од администрацијата. Тие имаат вработени околу 12 илјади лица“, додава Кочоска.

Ќе продолжи задолжувањето и дома и во странство но Кочоска уверува дека јавниот долг нема да биде поголем од 62 отсто од БДП. Проекциите за раст останува на 3,7 процент, главно ќе биде движен од потрошувачката.

Кочоска тврди дека забелешки од колегите немао иако некој од нив побарале повеќе пари.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран – Димитров во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе