Во Основниот суд во Струга продолжува судењето против градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, кој е обвинет за незаконско поставување директори во четири основни училишта. На минатото рочиште заврши доказната постапка, а Мерко рече дека не направил ништо незаконско, туку само ги потпишувал документите подготвени од службите.
Наведе дека доколку имало прекршок, ингеренциите ќе му биле одземени од Министерството за образование, што не се случило. Тој истакна дека поранешниот министер за образование Јетон Шакири бил запознаен со случајот и одобрил поставување в.д. директори кои не биле вработени во училиштата, доколку нема кандидати од вработените.
Мерко посочи дека директорите не имале средба со него, туку биле назначени од министерот, и праша како тој може да биде обвинет, а не министерот, со оглед на надлежностите. Против Мерко се води и друг одвоен предмет за основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга. Покрај тоа, тој е на „црната листа“ на САД поради корупција, а неодамна беше ослободен од обвиненијата за набавка на луксузен автомобил.