Вести Свет

Колку е Иран блиску до нуклеарно оружје?

Загриженоста околу нуклеарната програма на Иран останува централна точка за развој на конфликтот на Блискиот Исток.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано предупредува дека Иран е опасно блиску до развој на нуклеарно оружје, тврдејќи дека земјата би можела да произведе бомба „во рок од неколку месеци“. Оваа изјава доаѓа по неодамнешните израелски напади врз Иран.

Сепак, проценките на американските разузнавачки агенции се разликуваат. Директорката за национално разузнавање на САД, Талси Габард, сведочеше пред Конгресот претходно оваа година дека Иран не гради нуклеарно оружје и дека неговиот врховен лидер не ја одобрил програмата за реактивирањето на нуклеарно оружје, која беше суспендирана во 2003 година. Габард, исто така, истакна дека залихите на збогатен ураниум на Иран се на високо ниво за држава без нуклеарно оружје и дека САД внимателно ја следи ситуацијата.

Претседателот Доналд Трамп ја отфрли проценката на американските шпионски агенции, изјавувајќи дека „не му е грижа што кажала таа“ и инсистирајќи дека Иран е „многу блиску“ до нуклеарна бомба. Високи функционери се обидоа да ја минимизираат недоследноста, објаснувајќи дека збогатувањето ураниум може да го стави Иран на вистинскиот пат кон поседување нуклеарно оружје.

Габард подоцна ги обвини медиумите за погрешно толкување на нејзиното сведочење, тврдејќи дека таа и претседателот Трамп се „на иста страна“. Сенаторот Марк Ворнер, водечки демократ во Комитетот за разузнавање на Сенатот, потврди дека не видел никакви нови информации што би ја промениле претходната проценка на Габард.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милион евра по минута за Самитот на НАТО во Хаг

Дејан Дејан

Путин бара Украина да прифати руски услови за мир, Зеленски тврди дека Русија избира убивање

Дејан Дејан

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе