Вести Свет

Состанокот на Г7 заврши без постигнати договори за клучни прашања

Без да постигнат  големи договори за многу важни прашања меѓу кои и војната помеѓу Русија и Украина и конфликтот меѓу  Израел и Иран, шесте лидери од Групата седум го затворија самитот што се обиде да покаже како овој клуб на богати земји може да продолжи да ја обликува глобалната политика и покрај предвременото заминување на американскиот претседател Доналд Трамп.

На домаќинот на состанокот, канадскиот премиер Марк Карни и неговите колеги од Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија, вчера за време на завршните сесии од самитот им се придружија украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Зеленски повторно побара поддршка како што рече од сојузниците за да се стави крај на војната.

Ни треба поддршката од нашите сојузници и јас сум тука. Подготвени сме за мировни преговори, безусловно примирје. Мислам дека тоа е многу важно. Но, за тоа ни е потребен притисок“, рече Зеленски.

Без присуство на Трамп лидерите на Г7 се согласија да се обидат заедно да се борат против она што го нарекоа непазарни политики што би можеле да го загрозат глобалниот пристап до критични минерали. Ветија органичување на вештачката интелегенција, но не дадоа заедничка изјава за конфликот во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ново сообраќајно решение во Дебар маало?

Дејан Дејан

Ердоган: Одбраната на Иран од „лудите“ напади на Израел е природна, законска и легитимна

Дејан Дејан

Хамнеи: Евентуална воена интервенција на САД ќе нанесе непоправлива штета

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе