Американскиот Стејт департмент потврди дека еден американски државјанин загина во руски напад врз Украина. Портпаролката Тами Брус изрази жалење и ги искажа длабоките сочувства до жртвите и нивните семејства.
Во нападите со руски ракети и дронови загинаа вкупно 15 лица, а 156 беа повредени. Претседателот Доналд Трамп претходно апелираше за запирање на насилството, но неодамна рече дека можеби треба да се дозволи конфликтот меѓу Русија и Украина да трае уште малку пред да се инсистира на мир.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.