Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел синоќа успешно пристигна на скопскиот аеродром, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.
Ова ја прави Македонија една од првите земји во Европа што организираше и реализираше евакуација на своите граѓани од зоната на конфликт на Блискиот Исток. До понеделникот вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација поради ескалацијата на безбедносната ситуација во Израел.
Министерството за надворешни работи веднаш по ескалацијата формираше кризен штаб и започна со координирани активности за безбедно извлекување на граѓаните.
Евакуацијата се спроведува со владин авион, бидејќи воздушниот сообраќај со Израел е привремено прекинат. Втората група македонски државјани се очекува да биде евакуирана веднаш штом се воспостави редовен авионски сообраќај од Тел Авив.