Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ прослави 35 години постоење. Од роденденот кој се одржа во Хераклеја, Битола беа испратени пораки, но и критики за опозицијата.
Претседателот на партијата и премиер, Христијна Мицковски ги потсети сопартијциите да не забегаат со власта, а граѓаните ги увери дека во иднина ќе се почустувува растот на економсијата.
“Апелирам до сите наши функционери и членови – не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и да докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото.Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја превзеде одговорноста во време кога економијата беше во криза кога граѓаните беа загрижени и разочарани, но денес со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ” изјави Мицкоски.