Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека насилно менување на режимот во Иран преку воена интервенција ќе донесе „хаос“ и дополнителна дестабилизација на Блискиот Исток.
Тој ја критикуваше агресивната реторика на Доналд Трамп и посочи дека воени акции како оние во Ирак и Либија не биле добар пример.
„Не сакаме Иран да се стекне со нуклеарно оружје или балистички капацитети, но најголема грешка би била да се бара промена на режимот со воени средства,“ рече Макрон.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.