Вести Економија Македонија Најважни

РЕК Битола не работи – Блок 2 исклучен поради пожар

Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е активирање на заштитниот механизам на блокот како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронското управување.

Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности.

По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуална штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата.

Во изминатиот период, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намален капацитет. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, додека Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Задоволувањето на потребите за електрична енергија на државата во целост е обезбедено преку зголемено производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку купопродажба на енергија од МЕМО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристески: Цените на кафето и маслото зависат од светските берзи

Дејан Дејан

(Во живо) Продолжи судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Дејан Дејан

„Моментот е тука и ве молам да го зграпчите“ порача министерката за европски прашања на Данска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе