Вести Економија Топ вести

Светска банка, Морган Стенли, Дојче Банк, Рајфајзен, ЏП Морган – дел од банките од кои се бараат пари за брза пруга

Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Банка на Америка, Морган Стенли, Сити банк, Дојче банк, Јапонска агенција за меѓународна соработка. Ова се само дел од финансиските институции од кои министерката за финансии Кочоска  бара 1, 9 милијарди евра за изградба на брзата пруга. На списокот има вкупно 22 од Европа, САД, Обединетото Кралство, па дури и од Јапонија до кои е испратено барањето.

Согласно испратеното барање, одговорот за пројавување интерес меѓународните финансиски институции и странските комерцијални банки треба да го достават до крајот на овој месец, со можност за продолжување на рокот по барање на банките, пишива во дописот од Министерството за финансии.   

Од ова може да се види дека пругата од Табановце до Гевгелија ќе го реализира со кредит од банки, а не со пари  од Обединетото Кралство, нешто за што министерката за финансии Кочоска вчера кажа дека околу ова прашање се изместиле работите во начинот на комуникација.

Па, од тука може да се каже дека стратешкиот договор со Обединетото Кралство овозможува британската Експорт банка да биде само гарант во целиот процес за полесно да дојдеме до поволен кредит.

Премиерот Мицкоски очекува изградбата на пругата да почне годинава.

Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Според, бројките од физибилити студијата, километар би чинел 8, 8 милиони евра и ова било најниската цена за ваква пруга во регионот со должина од 200 километри. Ако пак има непредвидени трошоци тие заедно со експропријацијата и надзорот би изнесувале 10 отсто од вредноста на изградбата па така може, а и не мора пругата да чини 2 милијарди евра.

Британската фирма Фенвик Елиот е избрана да биде консултант ако има потреба за проектите кои ќе бидат финансирани со посредство на Обединетото Кралство.

Планот е освен брзата пруга да се модернизираат болници и да се изгради Клинички центар.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе