Вести Свет Топ вести

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Што ќе избере Трамп? Човекот кој се претставуваше како кандидат на мирот кој и војната во Украина ќе ја заврши за неколку дена, сега некако сѐ повеќе како да размислува да му помогне на Израел во нападите против Иран, ако ништо друго за да ги добие заслугите за себе и својата држава.

По брзото и предвремено враќање од самиот на Г7, Трамп денеска го свика советот за Национална Безбедност а претходно во серија објави на социјалните медиуми, како веќе да најави дека и САД ќе се приклучат во нападите против Израел.

„Имаме целосна контрола над иранското небо“, “знаеме каде е врховниот лидер на Иран, но засега нема да го убиеме“, напиша Трамп иако САД официјално досега не учествуваа во израелските операции , за да заврши со пораката до официјален Техеран – безусловно предавање.

По петдневните операции, Израел веќе очигледно му нанесе значајна штета на Иран и сега верува дека уште малку му недостасува за целосно да ја уништи нуклеарната програма на оваа земја – но за тоа ќе му треба помошта на републиканскиот претседател, кој треба да избере – дипломатија или војна.

Едниот пат е дипломатијата, но Трамп веќе сигнализираше кога се врати од Канада, мината ноќ, дека смета дека времето за дипломатијата заврши. Значи, останува втората опција, односно да влезе целосно и да му помогне на Израел во нападите против Иран. Очигледно, главна локација за која Израелците очекуваат помош е нуклеарната централа Форто, која е изградена во планина, до која Израелците не можат да допрат, затоа што за тоа е потребна огромна бомба од 13 тони која само бомбардерот Б-2 која САД го имаат би можел да ја фрли.“ – оцени Метју Ли од Асосијејтед Прес.

Евентуалното американско учество во војната против Иран може да ја подели и базата на Трамп, луѓето кои сакаат тој да ја направи Америка голема повторно, и кои му веруваа дека нема да ги вовлече САД во нови војни.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана, Израел Катц, денеска се закани со напади против „многу значајни цели“ во Техеран и упати директно предупредување за врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хаменеи.

„Ако продолжите со воени напади и лансирање проектили против цивилите во Израел, вашата судбина ќе биде иста како таа на диктаторот во соседната држава на Иран“, рече Кац, алудирајќи на поранешниот неприкосновен лидер на Ирак, Садам Хусеин, кој беше егзекутиран 2006-тата година.
Израел тврди дека нападите против воените лидери на Иран, локациите каде се врши збогатување на ураниумот и нуклеарните научници е неопходно за да се спречи исламската држава да развие нуклеарно оружје.

Во серијата напади од петокот беа убиени најмалку 224 луѓе. Иран возврати со лансирање повеќе од 370 проектили и стотици дронови кон Израел, при што досега беа убиени 24 луѓе а повеќе од 500-тини и повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе