Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека неговата земја никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европската интеграција на Македонија. На заедничка прес-конференција со Давкова и Бегај, Радев нагласи дека Софија очекува спроведување на договорите и реален напредок во човековите права, при што ја поддржува Македонија, но со почитување на европските стандарди.
Според Радев, главните проблеми се внатрешни и поврзани со владеење на правото. Тој потенцира дека успехот на евроинтеграцијата зависи од исполнување на обврските и од напредокот во реформите, што е неопходен за добивање поголема поддршка од ЕУ и соседните земји.