Вести Македонија Топ вести

Наскоро решение за растот на цените на прехранбените производи – Мицкоски со најава од Битола

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Мицкоски од Битола не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

„Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци така што ова е еден сериознен процес во којшто сериозно навлегување и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение“, рече Мицкоски.

Министерот за економија Бесар Дурмиши викендов рече дека се следи состојбата, но дека не е забележано драстично зголемување на цените.

„Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец, Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега“, изјави Дурмиши.

Владата во февруари ги ограничи маржите на повеќе од 100 групи на производи. Мерката траеше до 30 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јусеин Болт ќе биде бренд амбасадор на „Експо 2027“ во Белград – „Молњата од Јамајка“ на средба со Вучиќ

Дејан Дејан

Удрил девојче по глава, го влечел по улица, се заканувал со секира и тесла на полицајци – предложен притвор за 23-годишен велешанец

Дејан Дејан

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе