Повикот на кој требаше да се достават понуди истече пред неколку дена ,но од МЕПСО за Телма соопштија дека е пролонгиран. Од кои причини и на чие барање се прави тоа од преносниот систем на овие прашања на Телма не одговорија. Па, од тука се поставува прашањето дали овој пат реализацијата на проектот ќе биде успешна.
Новиот тендер за енергетското поврзување со Албанија беше распишан на крајот на април. Со тендерот се предвидува изградба на 100 тина километри надземен далновод и трансформаторска станица Битола 2до македонско албанска граница, во вкупна вредност од 17 милиони евра. парите се од заеми и грантови од ЕБОР и европските фондови. Тогаш се зборуваше дека планот е изградбата да почне на почетокот на следната година, а целосно да се заврши до крајот на 2027 година.
На крајот на минатата година пак МЕПСО го раскина договорот со фирмата Енергоинвест ДОО Сараево, за изградба на 400 киловолтната конекција со Албанија, со образложение дека изведувачот не ги исполнувал обврските, но и поради тоа што барал дополнително плаќање заради зголемени трошоци за материјали и услуги.