Во вечерашната Топ Тема министерот по економија Бесар Дурмиши истакна дека мерките кои се донесени веќе даваат резултат.
„Во овие 11 месеци мерките што ние сме ги донеле покажува дека даваат резултат. Но што треба да направиме за среднорочни или долгорочни решенија? Треба да се поддржат внатрешните производители или внатрешните земјоделци, локалните производители и локалните земјоделци и очигледно дека ако дојдеме до тој степен да ги поддржиме тие мерки или тие програми да ги спроведеме цените на основните прехрамбени производи и на земјоделските производи ќе се намалат како што имаме сега на производите што се во овој временски период што се произведуваат во сезонското време“ вели Дурмиши.