Вести Македонија Топ вести

Бадентер ќе ги остави независните надвор од изборната трка?!

Бадентер може да ги остави независните кандидати надвор од изборната трка. За измените на Изборниот законик, кои беа поднесени со потписи и од власта и од опозицијата, нема мнозинство од заедниците, кое е неопходно за овој тип на закони.

Со заминувањето на Таравари, владејачката коалиција нема Бадентерово мнозинство, а пратениците од ДУИ и од Левица се против начинот на кој се носат измени на Изборниот законик.

„Неприфатливо е да се менуваат изборните правила и да се менува Изборен законик без консензус. Овие измени се направени во канцелариите на ВМРО-ДПМНE и СДСМ“ обвини Рина Ајдари, пратеничка од ДУИ.

Подносителите на законот укажуваат дека, ако не се донесат измените, ќе се создаде правен вакуум, откако Уставниот суд ги укина спорните членови со кои се подигна потребната бројка на потписи.

„Ако сега не ги донесеме овие измени таа правна празнина ќе остане и на изборите нема да има независни кандидати“ предупреди Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Измените беа поднесени минатата недела и со нив се бришат двата нови члена кои се однесуваа на поднесување на независни листи, а се вметнуваат и препораки на ОБСЕ ОДИХР.

Со новиот предлог, се враќа процентуалното собирање на потписи за локалните избори кои се движи од 100 до илјада потписи. Но останува високиот праг од 3 ипол илјади потписи за кандидатура во Град Скопје, за што повторно реагираа граѓанските здруженија и обвинија дека големите партии ја погазуваат одлуката на уставните судии.Најавија дека ќе ја оспорат уставноста и на новиот закон, но како што стојат работите, неизвесно е дали тој воопшто ќе биде донесен пред изборите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

Дејан Дејан

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе