Вести Македонија

Родителите на загинатите во “Пулс” го доставија барањето до обвинителството

Кочанското обвинителство и официјално го доби барањето на родителите на жртвите во пожарот во Пулс за објаснување на обвинението кое беше поднесено во петокот против 34-ца обвинети.

Ова за Телма го потврди Марија Петрушева чиј син загина во катастрофалниот пожар. Таа лично го поднела во име на сите родители.

Според информацииите од роднините и од обвинителството средбата ќе биде оваа недела  во Кочани. Треба да се  усогласи терминот со родителите и да се потврди локацијата.

„Јавното обвинителство веќе ги разгледува можностите за соодветна локација во Кочани за да се организира таква средба на која ќе ги информира за сите аспекти од поднесеното обвинение. Воедно, веќе нагласивме дека блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката“, велат од обвинителството

 Барањето до обвинителството, да ги информира за исходот од истрагата и содржината на обвинителниот акт, родителите го најавија во саботата на маршот на ангелите.  Бараат одговори на многуте дилеми што се наметнаа изминатите 3 месеци по трагедијата

„Кои физички и правни лица се опфатени а кои лица се изземени од одговорност за да можеме да ги отстраниме сите дилеми што се јавуваат кај нас во врска со спроведената постапка.Неприфатливо е ние како родители и најдиректно засегнати информациите да ги добиваме преку медиумите или преку неофицијални канали. Затоа, очекуваме транспарентност и директна комуникација со надлежните институции.  Имаме право да знаеме како родители, како оштетени и како граѓани кои се лицата што се обвинети, кои не се повикани и кои се причините за тоа.  Посебно загрижува фактот што и покрај укажувањата и конкретните наводи одредени лица не се повикани ниту на распит, изјави Марија Петрушева, на маршот во саботата.

Нашата болка е тешка, но нашата борба е праведна порачаа родителите кои бараат одговорност и вистина, за никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија.

Мегу 34-цата обвинети за тешки дела против општата сигурност во која животот го загубија 62 млади луѓе а над 200 беа повредени се сопственикот на Пулс, брат му и синот, тројца градоначалници на Кочани управителот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, 4 обезбедувачи, 4 поранешни директори на ДЗС, двајца поранешни министри за економија Бектеши и Сарачини,  вработени во министерството и  локални пазарни инспектори се дел од обвинението.

13 мина кои беа опфатени во во истрагата не се дел од обвинението. Мегу нив е членот на  ДНК Владимир Блажев Панчо кој се уште е на лекување а истрагата е запрена и против поранешните двајца директори на ДПИ Трајковски и Симеска Димоска и за поранешните министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе