Во ек на геополитички превирања во светот развивањето на енергетската ефикасност и замената на фосилните извори на енергија со обновливи е сериозен предизвик и приоритет за Западниот Балкан и Европската унија и енергетската транзиција мора да остане на врвот на приоритети.
Ова е заклучокот од првиот ден на Македонскиот енергетски форум „ МЕФ25“ кој се одржува во Скопје под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ и е посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан.
Никој нема монопол над сонцето, водата и ветрот нагласи Франциско ла Камера, претседател на меѓународната енергетска агенција „ИРЕНА“. До 2030 година ЕУ и западен Балкан мора да стигнат до нивото од 11,3 теравати енергија од обновливи извори а транзицијата ќе чини околу 1,3 трилиони американски долари годишно.
Македонија има постигнато многу, нов закон и ново министерството за енергетика но исто така има уште многу работа а тоа не подразбира само хармонизација на законите во секторот енергетика, истакна евроамбасадорот Михалис Рокас
Интерконекција со соседните држави, нови капацитети со обновливи извори на енергија и годишно најмалку три проценти од јавните институции треба да се реновираат и да бидат енергетски ефикасни се дел од плавите на министерството за енергетика. Нови два закони и подзаконски акти во моментот се изготвуваат и ќе бидат готови најдоцна за 15 месеци.
На форумот присуствуваат голем број на гости од регионот, претставници на енергетскито сектор и министри.
Огнен Чанчаревиќ