Ирански ракети утрово го погодија израелскиот град Тел Авив и северниот град Хаифа, при што загинаа четири лица, а над 80 се повредени, соопштија израелските власти. Ракетните напади дојдоа како одмазда за израелските воздушни напади врз воени и нуклеарни објекти во Техеран минатата недела.
Според израелската итна служба „Маген Давид Адом“, во нападите загинаа две жени и двајца мажи, сите околу 70-годишна возраст. Во Петах Тиква, близу Тел Авив, една од иранските ракети погодила станбена зграда, предизвикувајќи пожар и сериозни материјални штети.
Во Хаифа, повеќе од 30 лица беа повредени, а избувна и пожар во електрана близу пристаништето. Иранската револуционерна гарда објави дека биле истрелани над 100 ракети како дел од одмаздата за израелските напади, тврдејќи дека била користена нова тактика за избегнување на израелските одбранбени системи.
Конфликтот започна минатата недела кога Израел изврши изненадувачки воздушен напад врз ирански воени и нуклеарни објекти во Техеран, при што беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.
❌ THIS VIDEO IS NOT FROM GAZA
✅ THIS IS TEL AVIV, ISRAEL RIGHT NOW
HUGE ATTACK BY IRANIAN BALLISTIC MISSILES
SEEMS LIKE WORLD WAR 3 HAS PROBABLY STARTED.#Iran #Haifa #IsraeliranWar #iranisraelwar #TelAviv #Iranian #ایران Gaza pic.twitter.com/5dQZR1yZyQ
— Saim Baloch (@saimsab12) June 16, 2025