Дваесет деца се меѓу 60-те загинати во воздушните напади на Израел врз Иран, соопштија државните ирански медиуми. Според нивната објава, станува збор за цивилни жртви.
Израелските одбранбени сили ИДФ соопштија дека во нападите ликвидирале 9 ирански воени научници кои работеле на развој на нуклеерната програма на Иран.
Во текот на ноќта и утрово, Иран изврши 5 серии одмазднички воени напади при што беа целени и градовите Тел Авив и Ерусалим. Соопштено е дека тројца израелци загинаа, а повредени се неколку десетици луѓе.
Израел почна со серија напади врз Иран во ноќта меѓу четврток и петок кога соопштија дека вршат напади врз иранската воена инфраструктура во која се одвива нуклеарната програма.