Повеќе од 30.000 громови ја погодиле изминатата ноќ Велика Британија, која е зафатена од силно невреме и дожд, пренесува ДПА.
Метеоролошката служба соопшти дека поголемиот дел од громовите се случиле на море, но обилните дождови и невремето го погодиле и копното, предизвикувајќи поплави и штети во Кент.
На социјалните медиуми има бројни пријави за прекини во снабдувањето со електрична енергија поради невремето.
Полицијата во Кент го затвори автопатот A256 за сообраќај, а транспортните компании ги откажаа сите патувања.