Вести Најважни Свет

Иран го започна петтиот бран на воздушни напади врз Израел

Иран го започна петтиот бран на воздушни напади врз Израел. Во нападите утринава загинаа  најмалку три лица, а повеќе од 10 се повредени. Меѓу повредените пак во синоќешниот напад врз Тел Авив, се и хрватскиот конзул и неговата сопруга. Завршиле со лесни повреди и се надвор од животна опасност. Се почесто се вклучуваат сирените по зачестените напади. Граѓаните на Израел, од погодените подрачја, живеат во страв, паника и неизвесност.

„Се огласи сирена, ја разбудив сопругата, истрчавме долу до засолништето, ја заклучивме вратата, по неколку минути се слушна бум што ја затресе целата врата на засолништето. Вратата се отвори во засолништето и слушнавме звуци. Помисливме, тоа е тоа, куќата ја нема, а половина од куќата ја нема, се распадна.“ – вели Моше Шани жител на централен Израел.

„Сирените почнаа утрово. Одеднаш се слушна луда експлозија во соседството. Сите соседи се жалат на скршено стакло. Зад мене можете да ги видите урнатините, три вили беа оштетени.“ – вели Опал Мизрачи жител на централен Израел.

Цели на иранските напади  се Тиверија ,Голанската висорамнина, и Долна Галилеја. Во овие области е издадена тревога за воздушен напад и се слушаат силни експлозии. Иран во меѓувреме упати закани и кон САД ,Велика Британија, и Франција, ако  му помогнат на Израел, ќе бидат нападнати нивните воени бази и бродови во регионот. Според иранската новинска агенција ФАРС и високи воени извори нападите врз Израел ке продолжат.

– Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените акции од синоќа и иранските напади ќе продолжат. Овие акции ќе бидат многу болни и за жал – со тешки последици за агресорите. Војната што ционистичкиот режим ја започна со агресија ќе се прошири во наредните денови на сите територии окупирани од овој режим и американските бази во регионот, а агресорот ќе стане цел на решителен и голем удар од страна на Иран – се вели во соопштението на иранската војска.

Израелските воздушни сили ссопштија дека уништиле десетици ракети испукани од Иран. Во нападите врз Техеран  се убиени двајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили заменици началници на Генералштабот. Во нападите на Израел врз Техеран била погодена и стамбена зграда при што загинале 60 лица мегу кои 20 деца.

Безбедносните сили ги проверуваа и уништените куќи во централен Израел кои беа погодени од иранската ракета при што загинаа 2 лица а 19 беа повредени

 „Утрово пристигнавме на местото на настанот и видовме голема штета со значителен број ранети, со мртви внатре. Почнавме да спроведуваме операции за скенирање и евакуација на заробените заедно со организациите за итни случаи МДА, противпожарната служба и израелската полиција, како и со локалните власти. Токму завршивме со расчистување на местото на настанот и ќе го вратиме во функционална состојба во наредните часови.“ – вели Амир Бен Давид, полковник во израелката команда на внатрешниот фронт .

Во меѓувреме иранското МНР соопшти дека не е донесена одлука за откажување на следната рунда разговори за нуклеарната програма на земјата со САД но присуството на ирански претставник не е сигурно. Средбата е закажана за утре во Оман.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе