Вести Свет

Индија започна вонредна инспекција на сите Боинг 787 по смртоносната авионска несреќа

Индиската Влада започна вонредна проверка на сите авиони „Боинг 787“ откако авион на „Ер Индија“ се урна непосредно по полетувањето, при што загинаа најмалку 270 луѓе, соопшти министерот за цивилна авијација.

Авионскиот регулатор ѝ нареди на „Ер Индија“ дополнителни проверки на техничката состојба на моделите 787-8 и 787-9 со GEnx мотори, вклучувајќи параметри при полетување, контроли на електронските системи и системот за гориво.

– Наредивме зголемено надгледување на моделот 787. Во моментов, Индија располага со 34 такви авиони, изјави министерот Рам Мохан Наиду. Тој додаде дека осум авиони веќе се проверени.

Несреќата се случи во четвртокот, кога „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на лет за лондонскиот аеродром Гетvик почнал да губи висина веднаш по полетувањето, по што удри во зграда и експлодираше. Само еден патник преживеал, што ја прави оваа трагедија најсмртоносната авионска несреќа во светот во последната деценија.

Во авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ имало 242 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 169 индиски државјани, 53 Британци, седум португалски државјани и еден Канаѓанец.

Најмалку осум локални жители, вклучувајќи четворица студенти по медицина, кои живееле во станбена област во Ахмедабад каде што се урна авионот, исто така загинаa.

Претседателот на Индиската медицинска асоцијација, Дхавал Гамети, изјави дека досега се извадени телата на најмалку 270 жртви. Десетици семејства чекаат пред болниците во Ахмедабад за да ги преземат телата, додека се прават ДНК тестирања за идентификација

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе