Вести Свет

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Иранските одмазднички ракетни напади врз Израел предизвикаа потреси во зградите и повредија најмалку пет лица во близина на Тел Авив, додека Техеран тврди дека погодил десетици воени цели.

Според Ели Бин, директор на израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“, седум лица се „лесно и умерено повредени“ во напад на границата меѓу Тел Авив и градот Рамат Ган.

Поранешниот израелски амбасадор во САД, Мајкл Орен, за Си-Ен-Ен изјави дека зградите во Израел вечерва „значително се треселе“, за време на иранските напади. Тој и неговото семејство се наоѓале во безбедна соба по предупредувањата добиени преку мобилен телефон, кои ги информирале за очекуваните напади и упатствата за постапување.

„Очекуваното пристигна“, додаде Орен, истакнувајќи ја ефикасноста на израелскиот противракетен систем „Железна купола“, кој пресретнал дел од иранските ракети. Според него, од 100 лансирани ракети, само пет до седум погодиле цели, што е „во рамките на очекуваното“.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Техеран лансирал „стотици балистички ракети“ кон Израел, означувајќи го нападот како почеток на „разорен одговор“ на денешните израелски напади. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека операцијата, наречена „Вистинско ветување 3“, погодила „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“ во Израел, додавајќи дека дополнителни детали ќе бидат објавени наскоро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе