Вести Свет

Германија нема да ѝ испорача на Украина ракети Таурус

Германија во моментот не размислува за испорака на проектили со долг дострел Таурус во Украина, кои можат да погодат цели на оддалеченост до 500 километри, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украина веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Велика Британија и САД.

Писториус, кој е во посета на Киев изјави и дека германската помош за Украина годинава достигнала до седум милијарди евра. Тој најави дека 1,9 милијарди евра чекаат одобрение од Парламентот.

Писториус, кој од почетокот на војната петти пат е во посета на Украина, денеска се сретна и со украинскиот колега Рустем Умеров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе