Вести Култура

Санација на НУБ „Св. Климент Охридски“

Во каква состојба се оставени националните институции во кои се чува македонското културно наследство говори и фактот дека грижата за нив многу пати е „лет во место“.

Со години наназад Националната и универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“, храмот на пишаниот збор,  културно светилиште со 80 години јубилеј и архитектонско ремек дело на Петар Муличковски при секој пороен дожд го отвараше клучното прашање дали постои државна стратегија за надминување на повеќедецениски проблеми.

„Конечно заврши јавната набавка, обезбедени се скоро 24 милиони денари за санација во првата фаза а тоа се блоковите 3 и 5 и целосна поправка на кровот за да немаме веќе протекување во објектот“ – изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

За шест месеци до крајот на оваа година треба да заврши санирањето на останатите фази на оваа духовна ризница со библиотечен фонд од над три милиони единици.

„Втората фаза ни опфаќа замена на плафонските стакла, овие кои што ги гледате тука, таваницата и третата фаза е репарација и реставрација на фасадната површина на мермерните површини околу зградата меѓутоа тоа би било тековно како што е владината програма за обновување на библиотеката“ – рече Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски

Во меѓувреме целосно заборавен е и новиот објект кој што е изграден во 2009-та година, со систем за греење и ладење кој долги години е вон функција.

Се очекува со поддршка на надлежните  институции тој да биде мултимедијална читална во која средношколците и студентите ќе откриваат нови светови низ пишаниот збор кои му пркосат на времето и заборавот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија со 50 милиони евра заем од ЕБРД ќе го подобрува квалитетот на воздухот

Дејан Дејан

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Г7 без заедничка декларација на самитот со Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе