Вести Свет Топ вести

Протести во Чикаго поради имиграциските рации на Трамп

По протестите што започнаа во Лос Анџелес против имиграциските рации, демонстрации се проширија низ САД, вклучувајќи го и Чикаго, каде група демонстранти се собра пред имиграцискиот суд и побара крај на акциите за депортација и военото присуство во Калифорнија.

Демонстрантите маршираа низ центарот на градот со тапани и повици „Нема повеќе депортации!“. Додека најголем дел од протестите во земјата беа мирни, на дел од нив имаше и судири со полицијата, која употребила хемиски средства и изврши апсења.

Активистите најавуваат поголеми демонстрации во наредните денови, вклучително и „No Kings“ протести во сабота, кога е планирана воена парада во Вашингтон од страна на претседателот Трамп. Администрацијата изјави дека ќе продолжи со имиграциските рации.

Во Санта Ана, пак, близу Лос Анџелес, утрово беа поставени оклопни возила што го блокираа патот кон Граѓанскиот центар – каде се наоѓаат канцелариите на федералните имиграциски служби, како и неколку градски и окружни институции.

Додека мала група продолжи со демонстрациите против имиграциските рации, се појавија и контрадемонстранти. Маж со црвена маица и капа со натпис „Make America Great Again“ влезе во вербална расправија со присутните кои се противат на апсењата. Протестите што започнаа во Лос Анџелес поради имиграциските акции брзо се проширија низ САД. Активистите најавуваат уште поголеми демонстрации во следните денови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема една изборна единица, се враќа процентот за независни листи

Дејан Дејан

Колку пари на граѓаните ќе останат заробени ? „Максбет.рс“, „Волкано“, „Винбет“, ќе се забранат со уште 170 странски онлјан сајтови за обложување.

Дејан Дејан

Катастрофална авионска несреќа во Индија – се урна Боинг 787 со 242 патници и членови на екипажот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе