Вести Економија

НБРМ внимателна, не ја намали каматната стапка

Народната банка и натаму останува внимателна. Извршниот одбор  одлучи да не ја менува каматната стапка на благајничките записи, односно ќе остане на ниво од 5,35 отсто.

„На седницата беше оценето дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и присутните ризици од надворешното и од домашното окружување. Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика, наведуваат од НБРМ.“

Ризиците за инфлацијата се и натаму присутни. во мај 2025 година годишната стапка на инфлација забрза и изнесува 3,3%. Ова во најголем дел се должи на растот на цените на прехранбената компонента, што следува по завршувањето на важноста на мерките за ограничување на растот на цените.

Од друга страна, порастот на базичната компонента на инфлацијата на годишна основа значително забави, додека трендот на намалување на цените на енергентите се задржа и во мај.

Досегашните остварувања кај инфлацијата се малку над очекувањата, што покажува одредени продолжени ефекти и потреба од претпазливост, велат од НБРМ.

И на претходната седница Извршниот одобор јаостани каматната стапка на исто ниво, а последното намалување на каматата на благајничките записи беше во февруари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија со 50 милиони евра заем од ЕБРД ќе го подобрува квалитетот на воздухот

Дејан Дејан

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Г7 без заедничка декларација на самитот со Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе