Фискалниот совет доставил до владата и министерството за финансии проекции за јавниот долг и степенот на задолженост по ратификацијата на спогодбата за соработка со Обединетото кралство. Се надеваат дека наредната недела, по добиените мислења од институциите, за нив ќе можат да продискутираат и пратениците.
„Успеавме под одредени претпоставки, што се доста непоуздани и се шпекулираат во јавноста, на направиме проекции што би значело за јавниот долг и степенот на задолженост во наредните седум години,користевме модел прилагоден за Македонија, студијата е готова и се надевам дека наредната недела би можела да ја доставиме и до вас“, рече Глигор Бишев, претседател на фискалниот совет.
Проекцијата ќе се дискутира заедно со фискалната стратегија што Владата ја усвои и ја достави до Собранието.
Прогнозите во неа се дека македонската економија годинава ќе има раст од 3,7 проценти, додека во периодот од 2026 до 2030 година просечениот раст на БДП ќе биде 4,7 проценти.
Во истиот период е планирано вработеноста да расте со побрзо темпо односно, просечниот годишен раст да изнесува 1,8 проценти.
„Ние материјалот го добивме вчера, така што најрано што можеме да ви доставиме е до средината на наредната недела. Ве молам, доколку имате какви било сугестии, да ги доставите“, побара Бишев.
Фискалниот совет годинава ќе има четири стратешки анализи во соработка со Центарот за истражување при МАНУ, Економските факултети на УКИМ и ЈИЕ, како и Фајнанс тинк.
Една од анализите ќе биде и за загубите на јавните препријатија, за што се загрижени и во советот, а фокусот ќе биде на две до три од нив кои прават најголеми загуби.
Далиборка Демјанска Цветановска