Со едноминутно молчење ожалостени жители и претставници на локалната власт оддадоа почит за жртвите во масакрот во средното училиште во Грац каде што поранешен ученик отвори оган убивајќи 10 лица и ранувајќи 12 други пред да си го одземе животот.
Засега нема непосредни информации за мотивот на 21-годишниот маж, кој немал претходно полициско досие. Тој користел две оружја, за кои се верува дека ги поседувал легално.
Истражителите пронашле проштално писмо и нефункционална бомба кога го претресле неговиот дом, но за сега нема информации за тоа каква порака оставил убиецот. 21-годишниот Австриец живеел во близина на Грац и бил поранешен ученик во средното училиште каде не успеал да ги завршил студиите.
Полицијата не ги образложи наодите на истражителите, а на прашањето дали напаѓачот ги нападнал жртвите случајно или ги бирал жртвите конкретно, соопштија дека тоа е исто така под истрага и не сакаат да шпекулираат. Соопштија и дека ранетите лица биле пронајдени на различни нивоа од училиштето, а една од жртвите пред училишната зграда.