Вести Свет

Макрон: Блокадата на хуманитарната помош за Газа е „голем срам“

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди израелската блокада на хуманитарната помош за Газа, нарекувајќи ја „голем срам“, и побара враќање на француските државјани кои се наоѓаа на брод за помош, пресретнат од израелските сили.

Бродот со 12 активисти, меѓу кои и француски пратеник, беше пресретнат на пат кон Газа и однесен во израелско пристаниште. Активистите протестираа против израелската воена офанзива и ограничувањата за хуманитарна помош.

Макрон повторно повика на прекин на огнот и укинување на хуманитарната блокада, велејќи: „Она што се случува од почетокот на март е срамно.“. Тој истакна дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, за дополнителни напори што ќе доведат до прекин на огнот, ослободување на заложниците и обезбедување работа на агенциите на ОН во Газа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе