Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да гласаат за Предлог-извештајот за Македонија подготвен од европратеникот и известувач Томас Вајц.
Станува збор за документ кој се однесува на напредокот на земјата во евроинтегративниот процес, и кој содржи формулации за признавање на македонскиот јазик и идентитет, што предизвика реакции од некои бугарски европратеници.
- Вајц веќе истакна дека стои зад содржината на извештајот, посочувајќи дека „Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски“.
Доколку извештајот биде усвоен од АФЕТ, следниот чекор е негово конечно изгласување на јулското пленарно заседание на Европскиот парламент.
Усвојувањето на овој извештај ќе биде важен сигнал за позицијата на Европскиот парламент во однос на проширувањето и поддршката за Македонија во процесот на пристапување во ЕУ.
- Ви стојам на располагање како олеснувач – ваква порака до Скопје и Софија испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос и ги повика двете страни да најдат решение за билатералниот спор.
Таа во своето обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, рече дека, во интерес на безбедноста и иднината на континентот е потребно „да заврши обединувањето на Европа.