Во вечерашната Топ Тема интервју со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
„Во однос за барањата на цените ќе поделиме на два дела оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тој е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ којшто факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час.
Од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција ќе се определуваат отсега во ноември и декември. А кога ќе се определат тие ќе тогаш Регулаторна ќе ја определи цената на универзалниот снабдувач имајќи во предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер.
Тој за новата цена на електричната енергија смета дека нема да биде променета.
„Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи“ вели Бислимовски.
Според него факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен и тоа влијае на производната цена на ЕСМ. Бислимовски додава дека од термоелектраните не може да се очекува да работат беспрекорно поради нивниот сегашен капацитет.