Светската економија се соочува со „сѐ понеповолни“ перспективи, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој, предупредувајќи дека новите царини се меѓу факторите кои најмногу го забавуваат глобалниот раст.
ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот бруто-домашен производ за 2025 година од 3,1% на 2,9%, проценката е направена врз основа на состојбата со царинските стапки во средината на мај.
Најпогодени ќе бидат САД, Канада, Мексико и Кина, земјите кои се во центарот на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп.