Лука Модриќ се збогуваше од Реал Мадрид, но ќе продолжи да игра за клубот и на Светското клупско првенство ова лето. Потоа ќе побара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Иако има 39 години, Хрватот привлекува интерес од многу клубови меѓу кои е и Милан. „Росонерите“ ќе се разделат со својот најдобар играч од средниот ред Тиџани Реијндерс, кој заминува во Манчестер сити, па Модриќ би можел да биде негова замена.
Фудбалерот има понуди од Саудиска Арабија и МЛС-лигата, но тој преферира да остане во Европа и да одигра уште една или најмногу две сезони пред да се повлече од фудбалот.