Вести Македонија Најважни

Еврокомесарката за проширување Кос се нуди за олеснувач, премиерот Мицкоски воздржан

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, се понуди како олеснувач во преговорите меѓу Македонија и Бугарија.Во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, рече дека,  во интерес на безбедноста и иднината на континентот е потребно „да заврши обединувањето на Европа.

„Со Северна Македонија нашата политичка цел е да ги отвориме преговорите со кластерот „Основи“ веднаш штом бидат усвоени уставните измени. За тоа Бугарија и Северна Македонија треба да започнат интензивно да разговараат за да најдат решение на ова билатерално прашање. Подготвена сум да посредувам доколку тоа е потребно“ рече еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Пораките се испратени во пресрет на најавите дека Европскиот парламент ќе расправа за Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи четири места во кои се признава македонскиот идентитет и јазик.

Претседателката Сиљановска  очекува поддршка  „затоа што во спротивно тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европскиот парламент“. Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент, за неа е навредлива и во старт го оневозможува дијалогот.

„Искрено, не очекував во 21 век во Европскиот парламент да прочитам или да чујам некои амандмани –  за оспорување на нечиј идентитет, тоа е непознат феномен, особено што седите во институција којашто е дел од ЕУ, во чиј основни контитутивни документи се гарантира почитувањето на националниот и културниот идентитет, на човековиот дигнитет и интегритет. Тоа е нешто шокатно“ изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Премиерот вчера контактирал со дел од сестринските партии, има информации за текот на гласањето, но не сака да коментира ништо пред гласањето.

„Имав многу разговори вчера и денеска, но не би коментирал, да почекаме да видиме како ќе се одвива гласањето“ изјави Христијан Мицкоски.

Мицкоски деновиве изрази загриженост поради најавените амандмани од бугарски пратеници кои според него, ќе се обидат македонскиот идентитет да го претстават како сегашен. За извештајот за Македонија на известувачот Томас Вајц утре прво ќе се расправа  на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичниот суд соопшти дека обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија е одобрен

Дејан Дејан

Трамп потпиша забрана за влез во САД за државјани од 12 земји со цел „заштита на Американците од опасни странски туристи“

Дејан Дејан

(фото)Возрасна морска желка по име Дили Дејли повторно вратена во водите на Атлантскиот Океан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе