Дивоградбите во Чаир предизвикаа жолчна расправа меѓу советниците во градот Скопје на вонредната седница попладнево. Дебатата се претвори во меѓусебни обвинувања за тоа кој им дозволил на локалната чаирска власт да нелегално да изгради десетици објекти. За да долови колку е алармантна состојбата во Чаир градоначалничката Арсовска на огромни листови хартија ги презентираше документите со кои било аминувано урбанистичкото дивеење во општината
Советниците од владејачкото мнозинство избегнаа дебата за дивоградбите побараа прекин на седницата и ја напуштија салата. Однесувањето на градоначалничка според нив е сценарио на СДСМ-Левица и ДУИ.
Советниците од СДСМ со контра обвинувања на адреса на владејачкото мнозинство. Во потегот на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекинат седницата препознаа обид за спас на урбаната мафија.
Сагата на релација Арсовска, власт, опозиција почна пред две недели кога Арсовска во живо преку Фејсбук во јавноста ги пласираше првите обвинувања за дивоградби во Чаир. Обвинувањата продолжија а Висар Ганиу како контра одговор истури купишта ѓубре пред градските бараки со порака до Арсовска дека не ја завршила задачата и го оставила Чаир затрупан во смет. На потег се истражните органи да ги потврдат или отфрлат нивните меѓусебни обвинувања.
Симона Петровска