Спорт Фудбал

Бруно Фернандеш одби да се пресели во Саудиска Арабија – останува во Манчестер јунајтед

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш одби неверојатно богата понуда од Ал Хилал за да остане во премиерлигашот и следната сезона.

Португалецот не сака да го напушти Манчестер јунајтед и покрај очајната сезона по која клубот заврши во долниот дел од табелата во Премиерлигата.

Ал Хилал му понуди тројно поголема плата, односно 750.000 фунти неделно, но ни тоа не беше доволно за да го убеди Бруно да го напушти „Олд Трафорд“.

Неговиот актуелен договор со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2027 година и има опција за продолжување на истиот на уште една сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Модриќ е на листата на желби на Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе