Партиите почнаа да ги откриваат кандидатите за градоначалници и да кројат предизборни стратегии. Политичката битка доби и нов фронт на локално ниво.
Кои теми ќе бидат во фокус или дефокус во пресрет на изборите? Ќе помине ли новиот обид на помалите партии за една изборна единица и отворени листи? Кои се можните последици ако Собранието остави правна празнина за независните листи за локалните избори?
Дебата со политичките аналитичари Ибрахим Мехмети и Петар Арсовски.
Топ Тема со Елена Ивановска Мукоска