Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16°C, а максимумот од 26 до 34°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 16.5, Преспанско Езеро 16.0, Дојранско Езеро 20.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/