Вести Македонија

Речиси 50 проценти од возрасните мажи и 27 проценти од возрасните жени во Македонија се пушачи

Седум од десет млади во Македонија започнале да пушат пред да наполнат 21 година.

Воедно Македонија се соочува со една од највисоките стапки на пушење во Европа, при што над 46% од возрасните мажи и 27% од возрасните жени се пушачи.

Според податоците на Светската здравствена организација седум милиони деца насекаде низ светот пушат.

„Ќе се согласите со мене дека е неприфатливо од сите 100 смртни случаи поврзани со тутунот 1/5 отпаѓаат на пасивното пушење, така што пушачите не го уништуваат само сопственото здравје, туку и здравјето на своите деца, пријатели, членовите на семејствата и општата јавност“ – изјави претставникот на СЗО, д-р Аким Али.

Главната цел треба да бидат децата и младите луѓе во целата стратегија против пушењето, затоа што просечната возраст на која децата започнуваат со пушење е само тринаесет и пол години и бројот на пушачи меѓу младите секојдневно расте.

„Имаме податоци што покажуваат дека младите луѓе што имаат пријатели кои што пушат имаат 62% поголема шанса да започнат и тие да пушат, а оние кои што имаат родители пушачи кај нив веројатноста дека ќе почнат да пушат изнесува 79%. Значи притисокот и влијанието доаѓа и од родителите и од другарите и тоа мора да се земе предвид во стратегиите што ќе ги развиваме“ – вели претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

И ова не е прашање кое го засега само јавното здравје, но и социјалната правда,  мора да се убедиме дека контролата на тутунот е соодветна и инклузивна, најмногу за оние што се ранливи и врз чие здравје се одразува, додаде Рита Колумбија, координатор на Обединетите нации.

Заменик министерот за здравство Андоновски рече дека се размислува за подобрување на актуелниот Закон за заштита од пушењето, но можно е и негово подобрување со поригорозни мерки.

„Тоа во пракса ќе значи многу поголеми измени, најмалку како што беа тие претходно. Како што рече и почитуваната амбасадорка дека не може да се најдат толку инспектори колку што има пушачи“ – тврди заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски.

Граѓаните се согласни дека мора да постои јасна стратегија со која ќе се почитува тој закон.

Засилување на законската регулатива, зголемување на јавната свест дека и тутунската и никотинската индустрија користи заблудувачки описи на производите за да ги прикаже штетните производи како привлечни и да ги сокрие здравствените опасности се дел од пораките кои беа упатени на конференцијата „Разоткривање на привлечноста- разобличување на индустриските тактики за тутун и никотин“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск со остра критика на даночниот план на Трамп- демократите согласни со него

Дејан Дејан

САД ги удвоија царините за челик и алуминиум на 50%

Дејан Дејан

Инженери на Република Македонија со барање до Бирото за метрологија- се сомневаат во точноста на струјомерите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе