Вести Свет

Калас: Мора да извршиме притисок врз Израел да ја деблокира помошта за Газа 

Европската Унија останува цврсто на определбата за деблокирање на хуманитарната помош за Газа која стои блокирана на границите на Појасот, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на заедничката прес-конференција со шефот на филипинската дипломатија Енрике Манало во Манила.

Во контакт сме со нашите колеги во Израел за да ја деблокираме (помошта) и да им помогнеме на луѓето, бидејќи таа е финансирана претежно од Европската Унија. Загубата на животи е неподнослива. Страдањето на луѓето мора да заврши и треба да направиме се што е во наша моќ и да извршиме притисок, истакна Калас.

Таа додаде дека на европско ниво постои согласност за многу принципи поврзани со конфликтот на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и поддршката за решението за две држави, крај на непријателствата, итен прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Се обидуваме да ги поттикнеме страните да го постигнат тој договор, нагласи Калас.

Говорејќи за односите меѓу ЕУ и Филипините, Калас нагласи да тие се на „позитивна траекторија“ и од денеска се подигнати на ново ниво.

Споделуваме посветеност на почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, на промовирање на мирот и стабилноста и на заедничко справување со заедничките предизвици. Тие ги вклучуваат случувања во Јужното Кинеско Море и илегалната агресивна војна на Русија во Украина, потенцира Калас.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе