Вести Свет

Иран бара гаранции од САД дека ќе ги укине санкциите

Иранските власти денеска побараа гаранции од САД за укинување на санкциите што ја задушуваат економијата на земјата, реагирајќи на предлогот на САД за можен нуклеарен договор.

Сакаме гаранции дека санкциите навистина ќе бидат укинати, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.

Франција, Велика Британија и Германија, заедно со Кина, Русија и САД, се потписнички на нуклеарниот договор склучен со Иран во 2015 година.

Текстот, што предвидува укинување на санкциите против Техеран во замена за рамка за неговите нуклеарни активности, де факто стана застарен откако САД се повлекоа од овој договор во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп .

Американскиот претседател, кој сака нов договор со Иран, ја покани земјата на разговори во март, но се закани дека ќе ја бомбардира доколку дипломатијата не успее.

Двете земји, кои се непријатели веќе цели четири децении, на 12 април со посредство на  Оман започнаа разговори за ирансклата нуклеарна програма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе