Вести Македонија Најважни

Експрес пасош со важност од 6 месеци за Асмир Јахоски иако трае истрага за перење пари од мазутот за ТЕЦ Неготино, обвинителството се сложило, судот дозволил, МВР испечатило

Asmir Jahoski Pucko Petrol

Во четврток, скопскиот Апелацискиот суд му одобрил да добие привремен пасош, во петокот заминал кон Грција, викендов терал семејна прослава во Турција, а во понеделник претпладнево прво ја поминал границата на преминот Богородица и заминал во Кривичниот суд да се јави како дел од мерките за обезбедување во истрага. Оваа тура по Балканот, Асмир Јахоски ја извел со помош на судски одлуки, брзо издавање на патна исправа и квалитетни автомобили.

Од Кривичниот суд ни одговорија дека во текот на мај, Кривичниот судски Совет во овој суд му ја отфрлил жалбата на Јахоски кој барал да му биде издадена времена патна исправа поради деловни потреби и патување во странство. Случајот бил префрлен по жалба во скопскиот Апелациски суд.

Надлежен за издавање мислења за жалби на осомничени е обвинителството. Кажале „да“ поради матура на синот и претходни мерки.

-Имајќи предвид дека пред два месеци ОЈО ГОКК го услови предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60 672 235 денари, со дополнително депонирање на износ од 72 000 000 денари на сметка на судот, како и фактот дека се уште се активни и останатите мерки на претпазливост меѓу кои и обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган, обвинителството го прифати вториот предлог за издавање на времена патна исправа заради присуство на осомничениот на матура на својот син, одговорија од Обвинителството.

A пасошите ги издава МВР. Од МВР ни одговорија дека зад се стои одлука на Апелациониот суд во Скопје.

А пасошите ги издава МВР. Од МВР ни одговорија дека зад се стои одлука на Апелациониот суд во Скопје.

-Имено лицето извршило излез од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по претходно донесено Решение КСЖ бр. 540/25 од 29.05.2025 на Апелационен суд со кое се дава согласност на лицето А.Ј. да му се издаде патна исправа со ограничен рок на важење, стои во одговорот на МВР.

Од Скопска Апелација ни кажаа дека тие не издаваат патни исправи и пасоши туку тоа е обврска на други надлежни институции. Барањето е поднесено на 12-ти мај, а минатиот четврток на 29-ти мај, Апелација му дозволила да извади пасош со рок од важење од 6 месеци.

-При одлучувањето земен е предвид предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се дозволи издавање на времена патна исправа, како и мислењето на Вишото јавно обвинителство да се уважи жалбата на осомничениот и издаде времена патна исправа, ни одговорија од Апелација. 

И додека топката се префрла, сопственикот на Пуцко Петрол е повторно во Скопје каде е во улога на осомничен за перење на пари во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. Со истрагата се опфатени и сопствениците на РКМ, притворените Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски.

Истрагата е поради злоупотреби со набавките вредни над 160 милиони евра и е отворена во првата половина на март. Обвинителството чекаше во Скопје да бидат истовремено осомничените Капушевски кој често престојувал во Дубаи и Јахоски кои често бил во Турција за да ја стартува истата истрага.

Јахоски за да излезе од притвор даде гаранција и од 72 милиони денари односно околу 1,17 милиони евра- сума иста на онаа за која обвинителството тврди дека е- перење пари.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе