Вести Македонија Топ вести

Kривична против поранешен директор поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника М-НАВ поради основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба“ и против Б. А.  во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во М-НАВ за „Несовсено работење“.

Првопријавениот В.К. извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една во текот на 2022 година,  спротивно на Законот за јавни набавки. Второпријавената Б. А. со пропуштање на должен надзор и спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот системот за јавни набавки со што овозможила спроведување на истата..

Пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ во износ од еден и пол милион денари, односно нешто повеќе од 26 илјади евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе