Завршува една ера во таборот на Реал Мадрид. Тренерот Карло Анчелоти и клупската легенда Лука Модриќ го напуштаат клубот.
Двајцата денеска добија достојно збогување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ по победата од 2-0 против Реал Сосиедад во рамки на последното 38.коло во Ла Лига.
Анчелоти по четири сезони го заврши својот втор мандат на клупата на „кралевите“. Претходно го предводеше клубот од 2013 до 2015 година. Успеа да освои две титули во Ла Лига, три во Лигата на шампиони уште други 10 трофеи. Искусниот 65 годишен стратег не планира пензија, туку кариерата ќе ја продолжи на клупата на бразилската репрезентација, додека неговото место во Реал Мадрид ќе го преземе Чаби Алонсо.
Што се однесува до Лука Модриќ, тој 13 години го носеше дресот на Реал Мадрид и освои со клубот неверојатни 28 трофеи. Дојде од Тотнем во летото 2012 година без многу помпезност и се етаблираше како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.
🙌 UNA DESPEDIDA DE DIEZ 🙌 pic.twitter.com/bzCwnHDboe
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 24, 2025