Тим на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација денес дојде во болницата во Кочани за да се запознае со здравствената состојба на повредените пациенти од трагедијата во дискотеката „Пулс“ , текот на нивното лекување и рехабилитација и за да ги стави своите ресурси на располагање на кочанските колеги.
Зборуваме за тимови кои што се едуцирани со помош на тимот од Англија кој спроведе детална обука за третирање и рехабилитирање на пациенти со изгореници. Тоа се тимовите кои ќе бидат ставени на располагање на кочанската болница каде се третираат најголем број од децата кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. Работи еден физијатар од кочанската болница еден физијатар од штипската болница но има повеќе физиотерапевти кои се на располагање и кои имаат директна работа со пациентите, рече директорот на клиниката за физикална медицина и рехабилитација, д-р злате мехмедовиќ.
Во кочанската болница во моментов се лекуваат 39 пациенти, а процесот на лекување и рехабилитација е индивидуален во зависност од степенот на повредите. 65 пациенти се на домашно лекување но и тие се вклучени во процесот на рехабилитација.
Мехмедовиќ вели дека се потребни повеќе човечки ресурси односно лекари и дека опрема за лекување има доволно.
Има пациенти кои имаат посериозни повреди кај кои рехабилитацијата оди побавно и потешко, има пациенти кои се полесни. Во зависност од тоа се аплицираат различни и во различен временски период процедури кои се наменети. Пристапот е индивидуален, секој пациент се третира во зависност од потребите. Од она што можевме да видиме имаат на располагање се што е потребно во моментот з ада се рехабилитираат пациентите, она што најмногу недостасува е да имаат поголем број на човечки ресурси кои дополнително ќе помогнат во процесот на рехабилитација, рече д-р мехмедовиќ.
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ смета дека е потребна подобра транспарентност, организација и институционален одговор. Велат дека има позитивни примери но многу нешта недостасуваат и дека надлежните треба отворено да кажат дали и за што им е потребна помош.
Од иницијативата велат дека повредените чие состојба е подобра се откажуваат од средствата кои им се донирани и ги префрлаат на сметките на оние чија здравствена состојба е сеуште тешка.
Ние само сакаме институциите да излезат и да речат не можеме ова да го правиме. Или болницата да каже не можеме ова да го правиме. Верувајте ми, јас сам за десет дена ќе најдам доктори од странство, ќе најдам и ќе правам се за да биде подобра ситуацијата. Само тоа ни треба. Веќе кога не помагаат нека признаат и нека кажат што не можат барем ние… Педесет дена поминаа, рече иван ивановски од „Support Kocani“.
Долгорочна стратегија за рехабилитација на повредените, психолошка помош и поддршка на повредените нивните семејства и семејствата на настраданите е она што е неопходно за кочанчани.
Тагата е неизмерна. Трпението на добар дел од родителите на повредените деца исто така е неизмерно, сеуште има деца што ќе им трае со години рехабилитацијата. Тука мора да се издвојат буџетски средства, мора да се направи добра стратегија, да се обмисли дали преку работна терапија на повредените деца да им се пружи шанса за вработување во рамките на нивните можности, рече благица сабовљевиќ, мајка на едно од повредените момчиња.
ТОНСКО ЈУТЈУБ
Градоначалникот на Кочани, венко крстевски, во вчерашната емисија „Топ Тема“ истакна дека не е задоволен од одговорот на државата, помошта и поддршката кој се нуди во моментот и нагласи дека системот мора да се менува.
Огнен Чанчаревиќ