Вести Економија

Дизелот поевтинува за половина денар, бензините поскапуваат за половина денар – нови цени на горивата од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 65 денари за литар, како и на метанот (60,00 денари за килограм).

Со одлуката на РКЕ за 0,592 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,450 денари. За два денара се намалува и малопродажната цена на автоплинот и од полноќ ќе изнесува 42 денара за килограм, а за половина денар се намалува и цената на биодизел Б6 БС и литар од полноќ ќе чини 65,5 денари.

Не се менува малопродажните цени на метанот (60,00 денари за кг.).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од погребните церемонии за ликвидираните генерали и научници Иран испрати пркосни пораки

Дејан Дејан

Топлотен бран го погоди Медитеранот, пикот допрва доаѓа

Дејан Дејан

Балтичките држави и официјално се повлекоа од Договорот за противпешадиски мини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе